Бугарија може да одлучи како да ги користи приходите што ќе ги добива од данокот од 10 евра/MWh за увоз на руски гас што минува низ нејзина територија, потврди Европската комисија откако минатиот четврток бугарскиот премиер Николај Денков објави дека во тек се консултации меѓу Бугарија и Европската комисија за енергетскиот данок воведен на 13 октомври.

Бугарија очекува до 1,5 милијарди евра годишен приход од новиот данок, за кој Денков рече дека може директно да оди во буџетот на ЕУ… Додека Будимпешта и Белград велат дека дополнителниот данок ќе го поскапи рускиот гас за 20 отсто, Софија со став Гаспром треба да плати.

„Газпром“ пак допрва треба јавно да се изјасни за новововедениот данок на енергија, а се уште не е јасно дали имаат намера да го платат. Пред една недела бугарскиот министер за финансии Асен Василев рече дека доколку Гаспром одбие да плати, ќе биде запленет неговиот финансиски колатерал од договорите во Бугарија или имотот во земјата, пренесуваат српските медиуми.

Минатата недела, Министерот за економија, Крешник Бектеши, ќе бара отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија откога Бугарија воведе такса за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија. Бектеши вели дека тоа би ја зголемило цената на гасот што во земјата го користат компаниите, но уверува дека додека е тој министер, нема да дозволи уцена од никого.