Засега, рече Филипче, останува најавата дека границите ќе се отворат на 14 мај и дека услов да се поминат ќе биде негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација.

-Тоа беа последните информации. Од тогаш немаме нова информација. Околу 14 мај границите ќе се отворат, а за влез во Грција ќе биде потребно или потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Ќе разговараме следната недела со министрите со кои разговаравме претходно, така да ќе имаме и нови информации, рече Филипче.