Обилниот снег и снежните виулици одложија илјадници летови на источниот брег на САД. Поради лошите временски услови илјадници домаќинства останаа без струја.
Снежната бура доведе до торнадо на Флорида. Околу 120.000 луѓе останаа без електрична енергија, а најголеми проблеми со струјата има во Западна Вирџинија, Северна и Јужна Каролина и Џорџија.
Метеоролозите предвидуваат дека снегот ќе продолжи да паѓа во сојузните држави Њујорк и Њу Ингланд. Снежната покривка во Охајо изнесува 70 сантиметри.
Во многу делови на канадските провинции Квебек и Онтарио се издадени предупредувања за виулици, а голем број училишта се затворени.