Ова беше истакнато на почетокот од Регионалната конференција „Заедно да се соочиме со кризата: Заштита на децата од трговија и експлоатација во Западен Балкан“ која што започна денеска и ќе трае до утре во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.

Воведно обраќање на конференцијата имаше Самир Ризво, помошник министер и државен координатор за борба против трговијата со луѓе во Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, кој истакна дека БиХ и целиот Западен Балкан во моментов се соочува со големи безбедносни предизвици поради миграциите при што е присутна трговија со луѓе, а дополнителна ранливост предизвика и пандемијата и зголемувањето на онлајн искористувањето на децата по пат на социјалните мрежи.

– Преку конференцијата ќе укажеме на голем број прашања на кои што треба да им се посвети внимание, со оглед дека досегашните извештаи укажуваат на континуирани пропусти во превенцијата со трговијата со децата, како и во идентификацијата на целите на одржлив развој кои се однесуваат на запирање на трговијата со луѓе и присилната работа на децата во сите облици, за што условен предуслов е заедничката работа за спречување и борба со трговијата со децата, посочи Ризво.

Верена Тејлор, директор на програма на Совет на Европа, сподели дека трговијата со луѓето е домен во кој што е неопходно да се постигнат поголеми стандарди, особено кога се работи за ранливите групи.

– Во просек децата го сочинуваат поголемиот број на жртвите и тука не се покажува дека се тргува со децата и на меѓународно ниво и интерно. Децата од Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија претставуваат повеќето неидентификувани жртви. Ромските деца се особено ранливи особено поради сиромаштијата и општествената дискриминација, нагласи Тејлор.

Таа дополни дека интенцијата на Советот на Европа е да се намали ранливоста на децата во поглед на трговијата со луѓето низ различни делувања со тоа што мониторингот е фокусиран токму во заштитата на правата на децата.

Заменик шефот на Одделението за политики за организиран криминал и дрога на Eвропската Комисија, Александра Антониадис сподели што е направено до сега и кои се плановите за во иднина.

– Собирањето на податоците покажува дека илјадници поединци на годишно ниво се жртви на трговија со луѓе, со тоа што овие бројки се неадекватно покажани и тоа дополнително го зголемува бројот на виктимизации, посочи Антониадис.

Антониадис дополни дека еден од главните приоритети е постоечката законска рамка кој што е утврдена во Директивата за борба против трговија со луѓето и проверката на нејзината адекватност, како и да се проверат останатите недостатоци кои што би се подобриле и кон крајот на 2022 година би се пристапило кон измена на Директивата.

Екатерина Дородонова, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, сподели дека борбата против искористувањето на децата е приоритет на Унијата, а самата ситуација со пандемијата со Ковид-19 и економската нестабилност ги направи децата уште поранливи и изложени на трговијата со луѓе.

– Имајќи го тоа на ум би се фокусирала на една особено загрозена категорија, тоа се децата во движење. Во изминатите три години, вкупниот број мигранти кои што доаѓаат во Бих беше околу 75 илјади, од кои 1.300 беа деца без придружба, кажа Дородонова.

Таа додава дека има цела низа на предизвици за унапредување на условите за прифаќање и заштита на овие деца.

Согласно собраните податоци од последните официјални статистики за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија, децата го сочинуваат мнозинството потенцијални и формално препознаени жртви на трговијата со луѓе во Западен Балкан или приближно 66 отсто во 2020 година.

Најчесто причините за трговија со деца се сексуалната експлоатација, детската порнографија, присилни бракови, присилното питачење и работа.

На Регионалната конференција ќе се разгледува влијанието од националните мерки во борбата против трговијата со луѓе и ќе се предложат нови подобрени сегменти за делување преку градење капацитети, координација и соработка, како и потенцирање на одржливи решенија кои ја адресираат причината за трговијата со деца.