САН ФРАНЦИСКО – Извршниот директор на Tesla and Spac eks, сопственик на Твитер, бизнисменот Илон Маск, ја критикуваше одлуката на САД да ја снабдуваат Украина со касетна муниција, нарекувајќи ја лицемерна.
“Америка отсекогаш ги означувала како злобни оние кои користат касетни бомби, а сега ги испраќаме да се користат? Ништо добро нема да излезе од тоа. Судбината сака иронија, но мрази лицемерие”, напиша Маск на Твитер.
Белата куќа го нарече снабдувањето со касетна муниција за Украина како привремена опција додека не се зголеми производството на артилериски гранати во САД, нагласувајќи дека овој потег е воено неопходен за да се спречи Украина да остане без муниција во критична фаза од конфликтот.
ОН ги повика завојуваните страни да не ја користат контроверзната муниција, која е забранета во повеќе од 120 земји.
Одлуката беше објавена на 7 јули, во пресрет на самитот на НАТО во Литванија.
Конвенцијата за забрана на употреба на касетни бомби, кои се отвораат во воздухот и испуштаат мноштво помали проектили при истрелување, ја потпишаа повеќе од 120 земји, но не и САД, Русија и Украина.