Најголемиот дел од својата кариера Зивчевиќ ја помина во дресот на МЗТ Скопје, а играши и за Работнички, Вардар Кочани Деликатес и Николферт Гостивар.

Зивчевиќ своевремено беше еден од носителите на играта во периодот кога МЗТ Скопје се бореше за влез и настапуваше во Првата лига на СФРЈ, која беше меѓу трите најдобри во Европа.

Војислав во кошаркарските кругови ќе остане запаметен како вреден, упорен и борбен играч кој им пркосеше на сите противници, па дури и најголемите ѕвезди во тогашна Југославија.

Секогаш ведар, насмеан и расположен за кошаркарски муабети, последните неколку години од својот живот ги мина посветен на својот внук Тео во кого гледаше уште еден наследник во кошаркарската лоза Зивчевиќ, покрај својот син Ненад и ќерката Ивана.