Дали сте дома, на своето работно место или некаде на гости, одсега вашите најомилени фотографии наместо од мобилен, како што беше досега, истите можете да ги објавувате и од вашиот работен или домашен компјутер.

Mногу корисници наведуваат дека сега гледаат „копче“ за да креираат нов пост на работната површина Инстаграм и дека сега можат да создаваат објави со помош на новиот систем. Инстаграм сега ви овозможува да објавувате фотографии од вашата работна површина. Oва е прв пат популарна услуга за споделување фотографии официјално да дозволува објавување извори надвор од мобилните уреди.

Компанијата официјално ja потврди оваа информација, наведувајќи дека оваа новост може да ја користат само одредени корисници, а за сите останати ќе биде достапна во наредните недели и месеци.