Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, денеска оствари заедничка теренска посета со Христијан Мицкоски низ неколку населени места во општината. За време на обиколката беше извршен увид во тековните активности и инфраструктурните зафати.

Радичевски и Мицкоски ги посетија Дреново, Радиовце, Седларце и општинскиот центар Брвеница, каде што на лице место разговараа за реализацијата на зацртаните планови со локалното население.

Радичевски упати благодарност за континуираната владина поддршка во спроведувањето на инфраструктурните проекти кои се во тек. Тој посочи дека станува збор за активности и ветувања за кои веќе детално било говорено во изминатиот период пред граѓаните на општината.

Тој упати благодарност до сите жители кои му ја дадоа својата доверба во првиот круг од локалните избори, при што изрази силно уверување дека во претстојното гласање тој резултат ќе биде уште поубедлив.

„Очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно“, порача Радичевски.