Цитирајќи анонимен официјалне извор, државната телевизија изјави дека се постигнати договори и со Велика Британија и со САД со цел ослободување затвореници со западни врски во Иран.
Пренесено е дека Велика Британија прифатила да исплати 400 милиони фунти долг бидејќи не испорачале тенкови во 1970 година, пренесува Скај Њуз.
Од Велика Британија не потврдија дека постои таков договор.
Дејли меил исто така пренесува дека семејството на заробената Британка не знае ништо за наводниот договор.
Се вели дека со САД е договорена размена на затвореници во замена за ослободување на 7 милијарди долари замрзнати ирански средства, но Вашингтон се уште не потврдил било каков договор.
Хуманитарната работничка Назанин осудена е на уште една година затвор заради „пропагандни активности против режимот“ во Иран.
Нејзе и е забрането и да ја напушти земјата уште една година заради учество на протесдтот пред иранската амбасада во Лондон во 2009 година.