Во реакција на заканите на Трамп, Иран предупредува на можен напад

Иранската армија соопшти дека ќе возврати на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе ги уништи иранските електрани доколку Ормускиот Теснец не се отвори за поморски сообраќај во рок од 48 часа.

Според соопштението на Хатам ал-Анбија, портпарол на оперативната команда на иранската војска,

„Доколку непријателот ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, целта на иранскиот одговор ќе биде целата енергетска, информатичка и инфраструктура за десалинизација што им припаѓа на САД и на ционистичкиот режим во регионот“.

Иранската реакција доаѓа по ултиматумот на Трамп, кој на социјалните мрежи порача дека доколку преминот остане затворен, „САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните електрани, почнувајќи прво од најголемата“.

Ормускиот Теснец, кој е критичен премин за една петина од светската нафта, останува затворен за голем дел од бродовите, поради американско-израелските операции од пред три недели. Парализата на преминот веќе доведе до зголемување на цените на нафтата и гасот на глобалните пазари.

Иранската армија додаде дека се подготвени да ја заштитат својата инфраструктура и да возвратат, доколку САД преземат агресивни чекори, што значително ја зголемува тензијата во регионот.