Тензиите повторно растат околу еден од најважните светски поморски правци
Иранската заедничка воена команда предупреди дека сите танкери за нафта што пловат низ Ормутскиот Теснец мора да ги користат рутите одобрени од Техеран, во спротивно ќе се соочат со, како што наведуваат, „силен одговор“. Предупредувањето повторно ги зголеми тензиите околу водениот пат, кој има клучно значење за глобалното снабдување со енергија.
Во меѓувреме, потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно порачал дека САД ќе возвратат доколку Иран нападне бродови.
Венс додаде дека, и покрај актуелните тензии, верува оти преговорите на крајот ќе покажат дека САД се наоѓаат во многу поволна позиција.
