Во петдневната вежба учествуваат воздушната дивизија, копнените трупи и поморските сили, се вели во извештајот. Поморските сили се подготвени за маневри во стратешкиот Ормуски Теснец, преку кој поминува речиси 20 отсто од светскиот транспорт на нафта.
Воената вежба се одржува неколку дена откако разговорите во Виена за спас на иранскиот нуклеарен договор со светските сили во 2015 година беа суспендирани поради пауза за да му се овозможи на иранскиот преговарач да се врати на консултации по тензиите поради новите барања од Техеран.