Обвинителството не ја чекало оставката на поранешниот секретар на Владата Драги Рашковски за да побара негово приведување. Отворена е истрага по допрен глас за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци уште додека Рашковски ја извршуваше функцијата, изјави државниот обвинител Љубомир Јовевски
-После преземените предистражни мерки, Јавниот обвинител кој постапува по предметот нашол дека постојат основи за отворање истрага и ја отвори истрагата и притоа според негова оценка, треба да се преземат соодтвени мерки кон лицето против кое се води истрагата, рече Јовески во вечерашното гостување на Топ Тема.
Тој посочи дека според информациите кои ги има, во овој случај Обвинителството нема добиено службена белешка од АНБ, како што беше случајот со приведувањето на Орце Камчев. Додава дека Обвинителството не добива често такви службени белешки од АНБ. За тоа дали ќе се побара притвор или друга мерка за обебзедување, зависи од доказите што дотогаш Обвинителството ги обезбедило.
-Предлозите за притвор на Обвинителството не се засноваат само врз основа на службени белешки од надлежните органи, туку Обвинителството може и врз основа на другите прибрани докази или сознанија да процени дека постои опасност за бегство, вели државниот обвинител Јовески.