Податоците покажуваат дека 15.115,246 лица го завршиле циклусот на вакцинација потребен за имунизација, што е еквивалентно на 27,86 отсто од италијанската популација. Повеќето вакцини се дадени на лица од возрасна група 80-89 години, кои се сметаат за најранливи.

Во Италија, најпреферирана е вакцината Фајзер. Во однос на календарот, податоците покажуваат дека 6.033.235 вакцини биле дадени во март, 9.721,711 во април и 15.004.577 во мај. Здравствените власти неодамна објавија дека смртноста во Италија е највисока по Втората светска војна. Од почетокот на пандемијата, во Италија се потврдени 4,2 милиони инфекции и 127.000 смртни случаи.