Сопственикот на агенцијата, Умберто Салвадори сам го тестирал системот, ја одбрал вакцината и откако го добил лекот во Белград, неговата агенција понуди пакет од четири дена.
Единствениот услов за патување е лицето да има потврда дека е регистрирано за вакцинација.
Агенцијата обезбеди локални водичи и преведувачи, сместување во хотели и кој сака туристичка тура во Белград.
Цената на четиридневниот пакет за две лица е 500 евра, а тоа вклучува превоз со авион или автомобил, како и тест на ковид пред влегување во Србија.
Тие, исто така, планираат патувања за вакцинација на помали места во Србија, каде што, според сопственикот на агенцијата, има помалку гужва пред центрите за имунизација.
Сопственикот на агенцијата тврди дека интересот е огромен, дека нивните телефони постојано ѕвонат, дека се заинтересирани и мали и средни компании кои сакаат да организираат имунизација за вработените, како дел од безбедноста при работа.