Организаторите на престижниот „Избор на песна на Евровизија“ се огласија по обвинувањата дека на финалето пејачот на италијанската група „Менескин“ шмркал кокаин зад сцената.

Според изјавата, Европската унија за радиодифузија (ЕБУ), на барање на италијанската делегација, извршила темелен преглед, вклучително и проверка на сите достапни снимки.

Тие истакнуваат дека самиот Дамијано побарал тест за дрога, што беше направено денес, а резултатите беа негативни.

– Во „Зелената соба“ не се користеше никаква дрога и веруваме дека случајот е затворен. Вознемирени сме затоа што шпекулациите што доведоа до лажни вести го засенија духот на настанот и неправедно влијаеја на бендот. Би сакале уште еднаш да и честитаме на групата Манескин и да им посакаме голем успех – стои во официјалното соопштение.