Собраниска седница за измени на Изборниот законик
Утре во 11 часот на итна собраниска седница ќе се разгледуваат виталните измени на Изборниот законик.
Во повеќепартиски напор, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ предлагаат амандмани за овозможување на избирачкото право на 100 илјади граѓани. Граѓаните со документи со старото уставно име, а не се издадени порано од 9 месеци ќе можат да гласаат на овие избори, според предложените измени.
Овој напор за важење на документите кои го содржат старото уставно име, а не се издадени порано од 9 месеци го демократизира процесот на гласање. Ова би дало право на глас на сите граѓани кои се лишени од основното демократско право на гласање. приспособувајќи го Изборниот законик на потребите на граѓаните
Извор: Kanal5