Иван Иванов кој е син на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов побара извинување од СДСМ по нивната непроверена прес-конференција.
Ставот на Иван Иванов го пренесуваме во продолжение:
Почитувани,
Во врска со изнесените невистини од страна на кујната за ширење лажни вести на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија би сакал да посочам на неколку факти.
Најпрвин, не сум назначен за член во одборот на МЕПСО, ниту пак во кој било друг одбор, на која било друга институција. Станува збор за сосема друга личност со исто име и презиме.
Второ, на госпоѓата Кузеска би сакал да и посочам дека покрај тоа што сум дипломиран политолог како што таа посочи на пресот, истовремено сум и доцент и универзитетски професор по политички науки, па би ја поканил на некое од моите предавања, со што можеби би ги подобрила нејзините политички вештини, па можеби во иднина нема да прави вакви аматерски грешки.
Трето, барам извинување од СДСМ на идентичен начин, на прес конференција, онака како што ја изнесоа и лажната вест.
Во спротивно следува тужба.