Оттука главната заложба на ДКСК е градење на силни институции, преку јакнење на кличниот интегритет на службените лица, кои со своето зкаонито, независно, непристрасно, етичко одговорно и транспарентно вршење на работниет обврски, ќе се спротивстават на корупцијата, чувајќи го својот углед и на институцијата во која работата и придонесуваат.
Ова меѓу другото го нагласи Билјана Ивановска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната конференција „Избери го вистинскиот правец! Избери интегритет!“, со што се одбележа Меѓународниот ден посветен на борбата против корупцијата – 9 Декември.
– Овие наши заложби не го даваат очекуваниот резултат, пред се поради фактот што се уште се високи ризиците од корупција што ги детектиравме при подготовка на Националната стратегија во пред повеќе од две години. Тоа се силно политичко влијание, неказнивост, нетранспарентност и злоупотреба на дискреционите овластувања. Поради постоење на овие ризици не се целосно испочитувани препораките и укажувањата што ДКСК ги упатува кон останатите институции во системот, истакна претседателката на Антикорупција.
Според неа, се уште сме сведоци на партиски пазарења за високи раководни позиции, кои треба да се пополнат преку јавни огласи, фер конкуренција и мерит систем. Таа наведе дека сме сведоци на смена на директори поради политички реваншизам, вработувања според познати шеми на непотизам, клиентелиза и коронизам.
– ДКСК, повеќепати укажа дека овој начин на дејствување на политичките елити, го поткопува интегритетот на институциите и ја намалува довербата на граѓаните во нив, а извозот на образовен човечки капитал во странство е во постојан пораст, рече Ивановска.
Таа оцени дека за надминување на таквата состојба, потребно е да се воспостават политики, системи и мерки, за луѓето да зборуваат и да кажат не за корупцијата.
– Со години во нашето општество се практикува избор на раководна структура, на начин што остава простор за постоење висок ризик од политичко влијание и клиентилизам, рече меѓу другото Ивановска.
ДКСК, посочи Ивановска, укажувала дека многу често се злоупотребува и функцијата в.д. директор. Во период од неполни три години, информира таа, комисијата има поденсено 12 кривични пријави до Јавното обвинителство, а добиени се одговор за три.
Таа нагласи дека за ДКСК многу се индикативни и резултатите од поседните истражувања од НВО, кои покажуваат дека корупцијата е најголем проблем за граѓаните, за ралика од претходните години кога на првите три места беа егзистенцијалните прашања.
Според неа, свеста кај граѓаните расте, а очекувањата се да расте и нивната подсготвеност да пријават незаконитост, незаконито длеување и корупција.
Таа говореше за Националната стратегија за борба против корупцијата 2021-2025 година, која заедно со Акцискиот план, првпат ја донесе Собранието. Ивановска потсети дека за неполни три години ДКСК има донесено одлуки по вкупно 1.192 предмети, од нив 676 од областа на корупцијата, 281 за судир на интереси, 79 одлуки се за непочитување на зкаонски одредби за време на изборен процес, а 156 се однесуваат на проверка на имотот на функционерите. Покренати се и над 1.128 постапки по сопствена иницијатива, а истовремено има примено и разгледано 2.400 пријави од граѓани, организации и институции.
Борбата против корупцијата и понатаму е на врвот на политичката агенда на национално ниво и во Европа, посочи Марин Мрчела, претседател на ГРЕКО во онлајн обраќањето и истакна дека напредокот во спречувањето и борбата против корупцијата зависи од политичката волја, како и од луѓето на вистинските позиции.
Успешниот и кредибилниот пристап на корупцијата, истакна тој, бара стратешки, сеопфатни и координирани мерки, како и високо ниво на транспарентност на политичко, административниот и економскиот живот.
Македонија е валуирана во однос на сите пет циклуси на ГРЕКО, информира Мрчела, а два се се уште отворени. Вашата земја, како што рече Мрчела, не е усогласена според циклусот 4, а постпаката за усогласеност под циклусот 5, е во тек. Тој истакна дека властите треба да ја забрзаат целосната примена на препоркаите на ГРЕКО за спречување на корупцијата.
Според Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, ова одбележување е потсетник за сите како активни чинители на државната политика, до сите тела, основани, формирани и поддржани да вршат надзор, да бидат будни и да алармираат за секое најмало појавување на овој негативен феномен, за навремено да се спрчи зафаќањето на поголеми сегменти на општественото ткиво.
– Да бидеме решителни и цврсти во таа борба, меѓутоа и во подигнвуањеот на свеста за ова зло, при што основна водилка да бидат зкаоните и Уставот. Во оваа битка е битен секој поединец, со секоја негова постапка или одлука што ја донесува а што не е во рамки на зкаонот, колку и да се чини помалку важна или небитна во целиот систем, таа го почнува волжебниот круг од кој потоа тешко се излегува, порача Мисовски.
Според Џулиан Васало, заменик-шеф на ЕУ Делегација, главно за успех во борбата против корупцијата е интегритетот. Корупцијата, истакна тој, ја поткопува демократијата и владеењето на правото, што се и темелите на еворпските општества, ја продлабочува нееднаквоста и ја поткопува општествената кохезија.
– Корупцијата создава чувство на очај, цинизам и неверување во можноста за промена кон подобро. Се вели дека корупцијата претставува предизвик насекаде, вклучително и во ЕУ, каде проодолжуваме да се бориме против неа, рече меѓу другото тој.
Васало нагласи дека борбата против корупцијата е клучен дел од процсот на пристапување во ЕУ, а тоа значи дека во секој чекор од процсот на пристапување се вршат оценки, кои го определуваат темпото на напредување на преговорите.
– Во последниот извештај беше забележано дека коруптивните појави продолжуваат и се застапени во сите сфери. Потребно е сите актери повеќе да придонесуваат и тие напори да бидат непрекинати. Не смее да има назадување, порача Васало.
За ова, оцени претавникот на ЕУ, е потребна тврдоглава решеност од страна на Комисијата и од Владата, да ги поддржат деловните субјекти, стручните и граѓанските здруженија, а истовремено целиот политички спектар треба да турка и да гледа во иста насока.
– Обезбедување интегритет е тешка задача, изискува приод од целото општество и механизми за отчетност и транспарентност и вклученост на бројни чинители, вклучително и властите и медиумите, граѓанските организации и самите граѓани, изјави Васало, додавајќи оти тоа не се само технички реформи, туку дел од процес што бара иссчекот во менталитетот и истрајност.
Васало смета дека треба да се подобри реализацијата на механизмите за интегритет, како и заштитата на укажувачите.
Тој нагласи дека ЕУ ќе продолжи со поддршката во процесот на борба против корупцијата, преку финансиска и стручна поддршка, како и споделување на најдобри практики.
Амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје потенцира дека силно ги поддржуваат спроведувањето на клучните реформи во Македонија, вклучувајќи ги и напорите за унапредување на националната антикорупциска агенда. Особено се горди, рече тој, за анализираните основни податоци на родовите аспекти на корупцијата, дискусија што се покажала како добро постигнување во агендата за спречување на корупцијата.
– Корупцијата продонесува за зголемвуање на дискриминацијата против жените, за градење на родова нееднаквост и со потенцијал за зголемвуање на сиромаштијата. Нашето истражување покажува дека жените се поизложени на родово специфичната форма на корупцијата отколку мажите, особено во делот на сексуално изнудување, каде се бара да дадат сексуални услуги како замена за одредени други услуги, рече на конференцијата амбасадорот Која.
Конференцијата за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата е дел од проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација”, кој е финансиран од ЕУ.