На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше Синиша Ивановски директор на ЈП Железници инфраструктура, кој на самиот почеток дискутираше за инвестицискиот пакет од Владата во вредност од 3,3 милијарди евра и формираното координативно тело, Комитет за јавни инвестиции кое ќе ја следи реализацијата на капиталните инвестиции.
„Со овие пари ќе бидат опфатени најголем дел од автопатите, проектот за Коридор 8, 10 и 10Д-Бехтел и Енка, за подобрување на железничката инфраструктура, тука спаѓа и градбата на брзата пруга Скопје према Белград на север и Атина-Солун на југ, тука спаѓа градскиот воз, тука почнува веќе да созрева проектот од Скопје према Кичево железничката пруга, комплетно целосна реконструкција и електрификација и веќе во догледно време почнуваме да се фокусираме на изработка на студиите и на сите оние почетни фази за градбата на пругата којашто е непостоечка во моментов од Кичево према Струга, потоа Струга према Албанија и се врзуваме тука со целиот Коридор 8“, рече Ивановски и додаде:
„Која е предноста наша, Коридорот 10 е доста пократок поради тоа што превозниците им се наплаќа за користење на инфраструктурата, Македонија околу 215 километри додека преку Бугарија треба дупло да отидат, и тоа ги чини нив дупло пари, и тоа е предноста наша дека најевтиниот пат а и најбрзиот е преку Коридорот 10, Македонија-Србија-Унгарија, да стигаат самите пристаништа грчки коишто последниве години имаат се поголем раст на волумен на пренесена стока“.
Ивановски истакна дека 7 години за време на владеењето на претходната власт не се купило ниту еден воз, локомотива за разлика од сега кога оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ дава исклучителна поддршка во планот за финансирање и во планот за развој.
„Откако 7 години не се купи ниеден воз, ниту една локомотива и дојде до колапс, кога се укина возот до Кичево, до Куманово, до Кочани. Во моментов преку 20 милиони евра се преговараат за набавка на нови возови локомотиви и во моментов МЖ транспорт нема никаков проблем за сервисирање на товарниот сообраќај којшто ни доаѓа од север и од југ. Ова е прва Влада којашто Железница ја стави на медиумскиот простор, во планот за финансирање и во планот за развој, продолживме секаде каде што е застанато со градбата на Коридор 8 и притоа почнавме и нови проекти коишто сега ги тендерираме према Бугарија- пругата и почнуваме према Кичево да ја реконструираме целата пруга“, рече Ивановски.
