СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.А.(29) од село Арачиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 14.01.2022 на ул.„Џон Кенеди“, поради нерасчистени семејни односи, К.А. со уште две лица физички ги нападнале М.Ј.(19) и О.Ј.(24), двајцата од Скопје, при што на М.Ј. со остар предмет му нанеле повреда, информираат службите на МВР.