Комисијата за прашања на изборите и именувањата, предвидено е да ги одржи 13-тата и 14-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе прашања, меѓу кои утврдување на предлогот за избор на судии на Уставниот суд и за избор на член на Судскиот совет, како и за членови на делегации во повеќе меѓународни тела и членови на комисии за доделување на повеќе државни награди.
На дневен ред на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите се извештајот за извршениот надзор во Оперативно-техничката агенција-Скопје, информацијата од работната посета во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а треба да биде разгледан и на нацрт-записникот доставен од Агенцијата за национална безбедност од одржан состанок на Агенцијата за национална безбедност и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.