Датумот беше објавен откако тој ја посети генералната гувернерка Мери Симон, за формално да побара одржување на избори, пренесува Ројтерс.

„Канаѓаните ќе излезат на гласање на 20 септември“, изјави Трудо за новинарите во канадската престолнина Отава, откако ја посети резиденцијата на гувернерката Симон и побараа од неа да го распушти Парламентот.

Трудо рече дека Симон го прифатила неговото барање, коешто предизвикува предизборна кампања.

„Нека се слушне вашиот глас, кажете го вашето мислење и заедно да одиме напред“, рече тој.

За да добијат мнозинство, на либералите им се потребни 170 од вкупно 338 места во Долниот дом.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека Либералите ќе победат на изборите трет пат по ред, но дека е можно да немаат мнозинство во Парламентот.

Либералната партија на Трудо во моментов има помалку места отколку што е потребно за мнозинство во Парламентот, така што зависи од поддршката на другите партии.