Со 84 гласа „за“ и ниту еден воздржан и против, усвоена е одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели во законодавниот дом.

Со одлуката, има пет заменици на претседателот на Собранието. Од досега предложените пратениците, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ, доколку има потреба, на спикерското столче ќе го менуваа првиот парламентарец Африм Гаши.

Целта на овој предлог е да се воспостави внатрешна структура на раководството на Собранието и да се обезбеди негово ефикасно функционирање

На третата по ред пленарна седница на новиот парламентарен состав, усвоена е и Предлог-одлуката за формирање на постојани работни тела.

Овие работни тела ќе бидат задолжени за важни задачи за развој на политики и следење на спроведувањето на законите во некои специфични области.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада, Христијан Мицкоски, составот на идната влада со министерските позиции и програмата за нејзината работа ќе бидат доставени во Собранието на 18-ти јуни.