Жителите на селото информираат дека благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Делчево спречено е проширување на пожарот на околните куќи.

Во пожарот нема повредени, а како причина се напоменува неисправна плинска боца. Претходно, делчевската противпожарна единица интервенираше на запалено комби возило на магистралата А3 кај селото Ѕвегор.