Според израелскиот деловен весник „Калкалист“ го објаснува економскиот карактер на војната меѓу Израел и Палестина. Израелската војна со Хамас во Појасот Газа ќе чини до 200 милијарди шекели (51 милијарда долари), врз основа на прелиминарните податоци на Министерството за финансии.
Во извештајот, цитиран од Ал Џезира, се проценува дека војната, која би можела да трае од осум до дванаесет месеци, ќе биде ограничена на Газа без целосно учество на Хезболах, Иран или Јемен и ќе вклучи околу 350.000 израелски воени резервисти.
„Калкалист“ смета дека проценката на Министерството од 200 милијарди шекели е „оптимистичка“, додека Министерството негира дека ги одобрува податоците на Калкалист.
Во извештајот се наведува дека половина од трошоците ќе бидат за дневни трошоци за одбрана, со дополнителни 40 до 60 милијарди шекели изгубени приход, 17 до 20 милијарди за компензација на бизнисите и 10 до 20 милијарди шекели за рехабилитација.