Одбраната тврди-милитантите складирале милијарди долари под објектот со поддршка од Иран.

„Иран испраќа куфери со готовина и злато со авиони до иранската амбасада во Бејрут, а потоа директно оди во Хезболах. Парите се користеле за финансирање на нападите врз Израел. Овој трезор намерно бил сместен под цивилна зграда. Нашите напади ќе ја намалат способноста на Хезболах“, изјави Даниел Хагари – портпарол на израелската војска.

Либан го демантира Тел Авив. Додека цивилите се борат да опстанат, ОН со осуда за големиот број жртви. Обвинија за нов инцидент во кој Израел намерно урива набљудувачка кула и ограда на УНИФИЛ.

„Уште еднаш го потсетуваме Израел и сите актери на нивните обврски да ги гарантираат безбедноста на персоналот и имотот на ОН и да ги заштитат нивните простории во секое време“, изјави Фархан Хак – заменик-портпарол на ООН.

Од ОН тврдат дека Израел сè уште го блокира влезот на хуманитарната помош додека голготата на северот од Газа продолжува. Хамас тврди дека отпорот на крајот ќе доведе до пад на израелскиот режим. Наспроти разгорените пресметки, американскиот државен секретар Блинкен во уште една блискоисточна посета за ставање крај на насилствата. Примирјето неизвесно.

„Блинкен ќе разговара за важноста да се стави крај на војната во Газа, ослободување на заложниците, како и за постконфликтниот период, но и потребата да се постигне дипломатска резолуција меѓу Ираел и Хезболах, која целосно ќе ја спроведе резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН“, изјави Ведант Пател – заменик-портпарол на Стејт департментот.

Во исчекување на одмаздата, Техеран испрати протест до МААЕ поради заканите за можен израелски напад врз неговите нуклеарни постројки. Предупредуваат САД да не бидат соучесници во каква била израелска агресија откако американскиот противракетен систем пристигна во регионот.