Десетици тимови составени од лекари, медицински сестри и возачи секојдневно посетуваат 250 пациенти, соопшти денеска војската, како дел од операцијата Рака-во-рака, додавајќи дека бројот на тимови ќе се зголеми доколку е потребно.
Израелските власти неодамна регистрираа повеќе од 10.000 нови случаи дневно на заразени со Ковид-19, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Според извештајот на локалното Министерство за здравство, 658 лица се тешко болни.
Речиси 60 проценти од приближно 9,4 милиони Израелци во земјата се вакцинирани.