Изречени се 194 мерки на територијата на град Скопје во вчерашните засилени акциски контроли на полицијата во областа на сообраќајот, од кои 71 се за недавање предност на пешаци на пешачки премин.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека од вкупниот број, 29 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина,15 за возење без возачка дозвола, по девет санкции има за технички неисправни возила и за зборување на мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол, исто толку мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, како и две за возач почетник.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.