На 04.02.2022 околу 15 часот полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар на бул. Крсте Мисирков го привеле А.Б. (53) од Скопје поради извршено кривично дело казниво по чл. 235 од КЗ на РСМ.

Тој бил забележан од полициски службеници при вршење на кривичното дело и веднаш е приведен, а украденото вратено на сопственикот.

Во службен разговор во полициска станица, А.Б. признал дека е извршител на уште едно кривично дело по чл. 235 од КЗ. На 05.02.2022 А.Б. е изведен пред судија на претходна постапка и изречена му е мерка притвор.