По една недела од воведувањето на нови рестриктивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и запирање на ширењето на корона вирусот инспекциските служби во изминатите денови спроведоа 6.038 надзори и контроли и при тоа изречени се вкупно 25 прекршочни пријави, 107 решенија за констатирани неправилности како и 67 прекршочни платни налози.
– ДЗСИ во текот на минатата недела изврши 90 надзори врз основа на кои изрече 15 решенија. Дополнително издава решенија на лица заболени од вирусот но и лица коишто биле во контакт со заболено лице, па така во текот на минатата недела од стрaна на здравствените инспектори беа издадени вкупно 11.962 решенија домашна изолација на завболени лица илица коишто биле во контакт ксо заболени лица или за 2.000 решенија помалку споредено од претходната недела, изјави на денешната прес-конфернеција претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.
Таа додаде дека во истиот период инспекторите од ДПИ извршиле 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитувањето на протоколите за работа на угостителските објекти, Законот за заштита на население од заразни болести, но и со останатите закони по коишто овој инспекторат постапува.
– Од вкупниот број на изречни решенија три се донесени поради непочитување на Законот за заштита на население од заразни болести и протоколите односно поради непочитувањена новите мерки за забрана на прием на гости и за три случаи во три угостителски објекти по еден во Струга, Гостивар и Битола.Сите три угостителски објекти се затворени на лице место и им се изречни прекршочни платни налози, образложи Филиповска Грашкоска.
Во однос на контролите од страна на ДПИ, таа посочи дека, од 1 март па до сега вклучително со последните податоци од пазарните инспектори, затворени се вкупно 36 угостителски објекти поради прекршувањена здравствените протоколи и закони одноно поради орагнизирање на прослави, свадби, настани непочитување на ограничуањето на број на маса, групирање и слично. При сите овие затворања, додаде Грашкоска, доставени се и прекршочни платни налози во зависност од големината на субјектот.
– Во текот на минатата недела Инспекторатот за транспорт изврши 52 надзори при што изречени се 14 прекршочни пријави и три решенија. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни боелсти и протколите за превоз на патници, инспекторите констатираа три случаи на неправилности, станува збор за меѓународен превоз на патници и тоа на граничниот премин Табановце за што поднесени се три прекршочни пријави, истакна претседателката на Инспекцискиот совет.
Таа нагласи дека Инспекторатот за труд извршил 397 надзори врз различни правни субјекти на територијата на целата држава секако со фокус на почитување на протоколот за превентивни мерки за сите работни места.
– При овие надзори од страна на трудовите инспектори изречени се 22 решенија од кои 19 се донесени поради непочитување за протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително од страна на трудовите инспектори изречни се и два прекршочни платни налози за вработени лица коишто биле затечени без заштитна маска на работно место, наведе Грашкоска.
Таа информираше дека Агенцијата за лекови и медицински помагала спровела 13 надзори во различни аптеки и не констатирале никакви неперавилности.
Грашкоска посочи дека АХВ извршила 292 надзори согласно Законот за заштита на население од заразни болести и по Законот за безбедност за храна при што се издадени девет решенија и 14 едукации по различни основи.
– ДИЖС изврши 43 надзори при што за утврдените неправилности од страна на инспекторите беа донесени седум решенија. Со две решенија од овие седум се наредува на правни лица да извршат мерење на емисии во воздухот и водата, четири решенија се однесуваат на јавни комунални претпријатија кои се задолжени да применат минимално технички услови за депониите на коишто го одлагаат отпадот и со едно решение е издадена забрана за производството на електрична енергија додека не се постигне соодветна кота на езерото, наведе Грашкоска.