Четириесетгодишна жена од Гостивар пријавила во полиција дека била физички и сексуално нападната од својот вонбрачен сопруг. Според нејзиното тврдење, нападот се случил во станот во кој живее во Гостивар.
Во пријавата е наведено дека настанот се случил во ноќта меѓу 1 и 2 септември. Жената тврди дека А.С. најпрво физички ја нападнал, а потоа извршил и сексуален напад врз неа.
Случајот бил пријавен во Полициската станица Гостивар на 4 септември во 19:10 часот.
Полицијата презема активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат понатамошни мерки.
