Дваесетгодишна девојка пријавила во полиција дека маж ја набљудувал додека се пресоблекувала во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров. Во врска со случајот, полицијата извршила службен разговор со 43-годишен скопјанец.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот бил пријавен на 16 јули во 17:30 часот во СВР Скопје.
Според пријавата, инцидентот се случил околу 14:30 часот. Девојката, додека пробувала облека во гардеробата, забележала маж качен на скала кој ја набљудувал.
Во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С. (43) од Скопје.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на сите околности.
