СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.А.(41) од село Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

На 04.11.2022 во семејната куќа, по вербална расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, а се обидел да го нападне и неговиот татко.