Адвокатот Јанаки Митровски на својот Фејсбук профил објави информации преку кои лесно се разбира лицемерието на политичката партија Левица. Имаат воинствена реторика против ЕУ, а оттаму вториот човек на партијата црпи финансии. Тој објавува и поврзаност со фирма од Бугарија која е сопственост на друга фирма од Кипар.
Сопругата на вториот човек на Левица Реџеп Исмаил да ти имала невладина која има партнерски и финансиски однос со неколку странски невладини. Па така фантомската АРЕТЕ е партнер со Едуланд/Уницеф потпрограма на Еразмус, FEAST ко-основана од ЕУ по која јавно плукаат, SHIFT од Лисабон исто така основан од за нив омразената ЕУ, SDSN финансирана од Европска комисија итн. Такоџе се дел од маркетинг агенција за која не може да се најдат никакви активности, сопственост на фирма од Бугарија која е пак сопственост на фирма од Кипар, даночен рај а таквите фирми се означени како ризични односно off shore, вели адвокатот Митровски на Фејбсук.
Сепак, нему не му е ниту чудно зошто оваа партија е таква каква што е, а како пример од минатото посочува дека Реџеп Исмаил пред да биде пратеник зборувал за национализација на приватни болници додека работел во Систина. Потсетува и за Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ.
И се тоа би било ок да немаа во програмата дека кога ќе биле власт ќе забранеле финансирање од странство. Кои лицемери мада Реџеп своевремено пред да биде пратеник бараше национализација на приватните болници додека работеше во Систина, Димитар почна кариера во Сорос и држеше предавања за ПАРИ од проекти финансирани од ЕУ, Амар беше во МОФ.
Абе курлиња за глума и замајувате раја сте први, ВМРО и СДСМ позавидат, заклучува тој.