Ќе биде изработена и спомен соба која свено ќе биде отворена на 80-годишницата од нивната смрт.
Почитувани граѓани!
Ве известуваме дека во чест на 12 Ваташки младинци, во тек е изработка на 12 бисти кои ќе бидат претставени на 16 јуни, како и Спомен соба која ќе биде свечено отворена на денот кога се навршуваат 80 години, од смртта на нашите дванаесет младинци.
По тој повод на 16 јуни на местото на кое свирепо се стрелани дванаесетте млади животи, ќе има пригодна културна програма за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност.
За дополнителни детали ќе бидете навреме известени!
Со почит,
Кабинет на Градоначалник
д-р Митко Јанчев