После долго време од 2002 година, еве 20 години успеавме да ја изградиме петата мини хидроцентрала заедно со ЈП Комуналец и со стручниот и раководен тим кој што го има. Оваа хидроцентрала е во сопственост на јавното претпријатие каде што приходите од самата хидроцентрала ќе се вливаат во ЈП Комуналец, вели градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Јанчев посочи дека благодетите од оваа инвестиција е за опстанок на јавното претпријатие Комуналец, како и за граѓаните на градот.
-Благодетот е само на жителите на општина Кавадарци и на ЈП Комуналец со ваквите инвестиции во право време во економска криза и енергетска криза, криза во делот на пазарната цена на енергијата ова е единствениот начин на опстанок на јавното претпријатие на градот, а да не биде на терет на жителите, рече Јанчев.
Јанчев додаде дека инвестицијата која после 7 месеци изградба е во вредност од 23 милиони денари и со најсовремена опрема и технологија.
-Општина Кавадарци има најевтина вода од 18,5 денари по метар кубен за вода, а тоа по Регулаторна комисија е само заради приходи од хидроцентралите, од енергијата која што ја произведуваме по гравитационен систем и е брзо обновлива инвестиција. Инвестиција од 23 милиони денари која што денеска ја пуштивме во работа после 7 месеци изградба на централата е со најсовремена опрема и технологија, истакна тој.