Денеска се одбележуваат 35 години од смртта на Сашо Гешовски. Градоначалникот Јанчев не го заборава Гешовски. Ова е неговиот Фејсбук статус:
Денеска се одбележуваат 35 години од смртта на Сашо Гешовски – млад кавадарчанец кој трагично го загуби животот во Сплит, Хрватска, како прва жртва во последната војна на Балканот. По тој повод, градоначалникот и претседателот на Советот оддадоа почит со положување цвеќе на неговото гробно место. Кавадарци не го заборава. Во негова чест е изградено спомен обележје и фонтана, а кружниот тек во градот го носи неговото име – траен потсетник за неговата жртва и за сеќавањето што живее меѓу граѓаните. Нека му е вечна слава.
