Димитар Ковачевски да не се крие и да каже дали Стевчо Јакимовски од него барал одземање на ингеренциите, за без пречка да може да си го бетонизираат Карпош? Ковачевски да каже дали со Јакимовски разговарале како да го заобиколат Советот, и спротивно на волјата на карпошани да овозможат градење на висококатниците кај „Алумина“?, прашува Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Кова ли власта планови за бетонизација на Карпош од која „Пуцко Петрол“ би инкасирал повеќе од 600 милиони евра?
Дали покрај планот за „Алумина“, Јакимовски му презентирал на Ковачевски и други проекти со потенцијална бетонизација од десетици милиони евра?
Стевчо Јакимовски вчера ја одмолче средбата со Ковачевски. Очигледно коалицијата за бетонизација кај „Алумина“ работи под силна пареа.
Поради бизнис интересот на власта, Карпош ќе се бетонизира и ќе се претвори во тесно грло, сообраќајот ќе се отежни и ќе се наруши квалитетот на живеење во оваа општина.
Ниту на Ковачевски ниту на Јакимовски не им е гајле што од најзелената општина Карпош ја претвораат во бетонска џунгла.
Апелираме и до Ковачевски и до Јакимовски да не си играат со волјата на карпошани и да не се обидуваат да го бетонизираат Карпош, додава Јаревски.