Општина Делчево објави јавен повик за пријавување штети од невремето кое го зафати градот на 25-ти овој месец.
Граѓаните, како што информираа од Општината, треба да ја пријават настанатата штета до Комисијата за проценка на штети при Општина Делчево.
-Пријавувањето на штета од невремето – пополнето со бараните податоци и документи се доставува до архивата на Општина Делчево. Покрај барањето секој барател треба да достави копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, копија од трансакциска сметка, пријава и изјава за штети, информираа од Општината.
Пријавувањето на штетите, како што посочуваат, ќе трае 10 дена.
-Пријавувањето е најдоцна до 08.07.2022 година, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. За сите дополнителни информации граѓаните можат да се обратат на телефон 078-705-513 кај лицето Кире Цоневски, претседател на Комисијата за штети, додадоа од општината.
На тема настанати штети и нивна проценка денеска попладне седница ќе одржи и Советот на Општина Делчево.