Државниот долг на Соединетите Американски Држави достигна рекордни 30.012 милијарди долари, покажуваат податоците од американското министерство за финансии.
Долгот покажува пораст од околу 7 милијарди долари во споредба со крајот на јануари 2020 година, кога пандемијата се уште не ја погоди американската економија. Речиси 8 милијарди долари од вкупно 30 од државниот долг се долгови кон странски инвеститори, а најголемите кредитори се Јапонија и Кина кои ќе мора да бидат отплатени со камати, пренесува Хил.
Финансиските експерти велат дека новиот максимум е достигнат неколку години порано од предвиденото на властите, а како резултат на огромните средства потрошени во борба против пандемијата.
Најголем дел од економистите се согласуваат дека рекордниот американски јавен долг не укажува на проблем, бидејќи економијата на земјата продолжува да расте и покрај Ковид-19 пандемијата, а каматната стапка опаѓа.