Лошата кадровска политика и недомаќинското работење на оваа ненародна Влада, се гледаат во сите сегменти од нејзиното делување.
Деновиве сме сведоци на колапсот кој што го доживува уште едно јавно претпријатие, пишува екс министерот за земјоделство Љупчо Димовски на социјалните мрежи.
Во продолжение неговиот статус
Имено, превработеното ЈП „Македонски шуми“ се наоѓа во крајна тешка материјална и финансиска состојба. Во периодот мај, јуни јули, кога ова претпријатие треба да го оствари својот максимален производен капаците, заради неодговорноста и неспособноста на менаџментот, производството стагнира.
Претпријатието во континуитет работи со загуба. Вработените земаат многу ниски примања. Дури и ваквите неверојатно ниски примања тие ги добиваат со неколкумесечни задоцнувања.
Дел од работниците работат без адекватната и задолжителна заштитна опрема, што треба да претставува еден од приоритетите на раководството на претпријатието.
Објектите на ЈП „Македонски шуми“ пропаѓаат.
Од претпријатие кое треба да биде едно од најдоходовните, сега е сведено на претпријатие кое за милост се моли на Владата, да добие помош за исплата на плати на вработени.
Наместо да се направи план за да се подобри состојбата во претпријатието, раководството во ЈП „Македонски шуми“, во континуитет распишува јавни огласи за примање на нови партиски кадри, по правило несоодветни и без потребните познавања и вештини.
Во повеќе наврати и од моја страна е укажувано дека е потребно веднаш да се превземат мерки за подобрување на состојбата во ЈП „Македониски шуми“.
Воедно предупредувањата се однесуваа и на реалната опасност, доколку се пропуштат октомври и ноември како месеци во кои претпријатието би требало да има зголемена продуктивност, повеќе нема да постојат услови за спас на претпријатието.
Во интерес на ЈП „Македонски шуми“, вработените и воопшто во интерес на Македонскиот народ, најдобро би било час поскоро да си заминат поставената директорка, опкружена со девијантни и криминогени соработници, додека недоуништат и тоа што е останато. Воедно, потребна е и одговорност за институциите кои го дозволиле ова нестручно работење свесни за опасноста од конечно згазнување на јавното претпријатие.