Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека за време на продолжениот празничен викенд по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе функционира со изменет режим.

Во периодот од 1 до 3 мај, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, односно со намален интензитет согласно празничниот режим на работа.

На 1 мај и на 3 мај, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, која ќе работи од 08:00 до 14:00 часот.

Во сабота, 2 мај, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат вообичаено – во две смени од 08:00 до 18:00 часот, додека објектите кои работат во една смена ќе бидат отворени од 08:00 до 13:00 часот.

Од ЈСП апелираат граѓаните навреме да го испланираат користењето на јавниот превоз и услугите за персонализација на картичките.