Службата ги негира наводите дека Ким Џонг-ун користел двојници за време на неговите неодамнешни јавни настапи. Годинава во јавноста се појави 70 пати, што е за 45 проценти повеќе од лани.
Разузнавањето во Сеул потврди дека севернокорејскиот лидер ослабел 20 килограми.
Пред една година, среде шпекулациите за влошена здравствена состојба на Ким Џонг-ун, разузнавачката служба соопшти дека тој нема сериозни здравствени проблеми и покрај тоа што има прекумерна тежина.