Од март до мај Димитар Апасиев успеа на Левица да и изгуби над 20.000 гласови, од 4.5% рејтингот им падна на 3.3%. Очигледно кампањата за разобличување на овој политичар шарлатан вродува со плод и полека дава резултати, пишува во својот став, главниот и одговорен уредник Љупчо Златев.

Во продолжение неговиот став: 

Порано тој имаше драматично повидок рејтинг од оној на партијата Левица, сега истиот станува товар за неговата партија и неговиот личен рејтинг не отскокнува од оној на партијата.
Еве ви пет причини зошто се случува падот на рејтингот:
1. Апасиев влезе во комбинација со Данела Арсовска. Коалиција која ја покажува неискреноста на Левица.
2. Апасиев влезе во бизнис дилови во Карпош, каде неговите советници го гласаа ДУП-от. Чин кој ја покажува корумпираноста.
3. Апасиев не понуди ниту едно решение за ништо и се глупораше со глупави слогани од типот “Заедно ќе висите”. Чин кој ја покажува безидејноста.
4. Брутално ги шиканираше сите кои барем малку ги критикуваа неговите политики. Чин кој ја покажува неговата суета и тоталитарност.
5. Отиде на гробот на Енвер Хоџа. Чин кој ја покажува неговата забеганост.
Доколку продолжи трендот, за Левица ќе биде одличен резултат да ги повторат гласовите од последните избори.