Денеска беше извршен погреб за британскиот принц Филип, сопруг на кралицата Елизабета.

Неговиот внук, принцот Хари, дојде на погребот од Америка, а неговата сопруга, Меган Маркл, остана во Калифорнија, бидејќи лекарот и забранил да патува поради напредната бременост. Сепак, откриено е дека Хари и Меган заедно успеале да му оддадат почит на војводата од Единбург.

Војводата и војвотката од Сасекс испратија венец со цвеќе, со емотивна порака за принцот Филип. Тој беше поставен покрај ковчегот на починатиот војвода, а Меган Маркл, според британските медиуми, лично напишала порака во која се простила од дедото на нејзиниот сопруг.

Принцот Хари присуствуваше на погребната церемонија со остатокот од своето семејство, што е првпат да поминува време со нив по повеќе од една година.

Меган, која е во седмиот месец од бременоста, не добила одобрение од лекарот да патува. Иако таа не беше присутна лично, извори потврдија дека го гледала погребот пренесуван на телевизија.

Венецот, положен во име на Хари и Меган, беше рачно изработен и дизајниран од Вилоу Кросли, цвеќарница, која е ангажирана за сите специјални прилики на војводата и војвотката од Сасекс.

Венецот содржи многу цвеќиња од локално потекло, со сентиментални елементи, кои му оддаваат почит на војводата од Единбург. Меѓу другото, на венецот беше претставен националниот цвет на Грција, родното место на принцот Филип, но и цветот на Кралската морнарица.

Војводата од Едибург почина два месеци пред неговиот стоти роденден. Денес е погребан во кругот на неговото најблиско семејство и највисока државна чест.