Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишниот жител од селото Грчец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Полициски службеници, вчера вечерта, се обиделе да го запрат автомобилот со кој управувал осомничениот на клучката Стајковци, но, тој ја зголемил брзината на движење и се дал во бегство. Во еден момент, од возилото фрлил најлонска вреќа која содржела над 1,2 килограми наркотична дрога – марихуана. Набрзо потоа тој го запрел автомобилот, бил легитимиран и уапсен. При преглед на возилото помала количина марихуана била најдена и меѓу двете предни седишта на автомобилот.
Од Јавното обвинителство попладнево информираа дека осомничениот во исказот даден пред јавен обвинител признал дека неовластено ја поседувал марихуаната од која се обидел да се ослободи.
Ддоставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот