Во скопската населба Автокоманда денеска е повреден пешак откако паднал семафор. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен околу 13 часот.
Според информациите од полицијата, на булеварот „Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода. Камион со скопски регистарски ознаки удрил во семафор, при што еден пешак бил повреден.
Полициски екипи се на местото на настанот и вршат увид. По завршувањето на увидот ќе бидат познати повеќе детали за причините и последиците од инцидентот.
