Товарното возило со косовски регистарски таблички, кое учествуваше во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица, влегло во Македонија преку граничниот премин „Блаце“ без никакви царински неправилности и било празно, изјави директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма, Николовски нагласи дека целата царинска постапка била спроведена согласно правилата и дека не биле утврдени никакви отстапувања при влезот на возилото.

„Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови кои се потребни за да помине на граничниот премин. Подоцна тоа што се случило е случај кој треба да го разгледуваат други државни институции“, изјави Николовски.

Од надлежните институции се очекуваат дополнителни информации за околностите под кои се случила несреќата на скопската обиколница.