Министерството за труд и социјална политика со поддршката на УНИЦЕФ, а во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, започнуваат низа од 16 настани во различни градови кои имаат за цел да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје воопшто преку пристап заснован на игра.

Стартот на кампањата ќе биде означен денеска со пешачката рута во Струмица на која ќе учествуваат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, соопшти МТСП.